Android Studio 1.0 е конечно завршен и достапен за корисниците, јави Google. IDE алатката зa Android развивачи е достапна за Windows, Mac и Linux и може веднаш да ја преземете. Studio е во развој две години, а ова е првата стабилна верзија која, според Google, овозможува поголема продуктивност и треба да ја замени Eclipse, како главна алатка за развивачите во моментов. Најавите велат дека Android Studio 1.0 ќе овозможи развој на апликации за таблет комјутери, паметни телефони, паметни часовници, Google Glass, Android телевизори, но и за возила.
Покрај IDE околина Android Studio овозможува и преглед на креираните апликации на различна големина на екраните, преглед во зависност од јазикот или API верзијата на телефонот. Сепак можеби најдобар додаток е можноста за надгледување на перформансите на апликацијата преку Memory Monitor. Како што може да се претпостави аплатката покажува колку меморија користи апликацијата, а со тоа нуди и можност за подобрување на перформансите.
Алатката овозможува и едноставен начин за поврзување на апликацијата со Google Backends and Endpoints, како и со Google Cloud Messaging. Со новата верзија Google е на чекор да го направи Android Studio алатка на која програмерите ќе ги прават сите свои апликации на платформата, но и да ги преработат своите постари апликации, констатира Venture Beat.
No comments:
Post a Comment