Tuesday, January 6, 2015

LG го најави својот прв закривен 34-инчен монитор

Компанијата LG го прикажа својот најнов IPS 21:9 закривен широк монитор (модел 34UC97), заедно со останатите монитори на IFA саемот во Берлин.

Новиот модел на LG со дијагонала од 34 инчи нуди висок квалитет на слика и голем број на опции за поврзување.



Мониторот како што беше најавено дека е наменет за гејмери, сепак може да биде користен и од страна на брокерите, како и за домашно кино.

Мониторот поседува Quad HD со резолуција 3440х1440 пиксели, со што на професионалните фотографи и видеографи им овозможува потребно ниво на детали и прецизност. Мониторот има компатибилност со PC и Mac компјутери, LGUC97 подржува и јака графика и видео снимки.

Можноста на Thunderbolt2 конекција овозможува брз пренос на податоци, до четири пати побрзо од USB 3.0, како и линеарна поврзаност на повеќе уреди.

Сè уште не е познат датумот на пуштање на пазар како и неговата цена.









No comments:

Post a Comment