За копманијата Xiaomi, која многумија ја именуваат како „кинески Apple“ 2014 година беше доста успешна, со што кинескиот производител на мобилни се најде во 5-те производители во светот.
Оваа компанија се подготвува за уште поуспешна 2015 година, па еве што тие најави.
Како што во јавноста се пренесуваат информации, онаа што Xiaomi го нуди е можеби токму најдобриот мобилен за 2015 година, со што LG G4 ќе добие конкуренција во изборот за најдобриот смартфон.
Xiaomi го најави новиот модел Mi5. Овој модел ќе поседува екран со големина од 5.5 до 5.7 инчи, QuadHD резолуција (2560х1440 пиксели), IPS технологија и екстремно тенки граници на левата и десната страна. Mi5 ќе може да се набави во две бои, црна и бела.
Онаа што го прави овој смартфон посебен е тоа што ќе го има најмоќниот процесор на светот, quad-core Snapdragon 810 кој работи на 2,7GHz, надополнет со 4GB RAM меморија и 32GB простор за складирање на податоци. Задната камера е со резолуција од 20.7 мегапиксели, оптичка стабилизација на сликата и двоен LED блиц, додека за предната камера сеуште нема официјални информации што би можела да ни понуди.
Како што е најавена кинескиот производител на мобилни, треба да произведе околу 50.000 единици од овој модел. Цената на Mi5 ќе се движи околу 350 до 400 евра, со што Xiaomi ќе понуди значително пониска цена во однос на конкурентите Nexus 6 и Galaxy Note 4.
Како што е најавено продажбата на овој модел треба да започне во првата половина од оваа година.
No comments:
Post a Comment